Ги сакам луѓето кои што не знаат за
соблазна.
На кои што и најмалиот и најгрешен човек им
е брат.
Оние што не ги делат луѓето по вера или
невера.
Ги сакам луѓето кои не се плашат да запеат
и да се пошегуваат.
Тие се помили за мене од оние што ја
истакнуват својата тага поради календарот и поради правилата.
Ги сакам луѓето кои им дозволуваат на
нивната душа да дише, лета, пцуе и да се заканува.
Тие барем отворено се закануваат, за да се
одбранат. Лицемерите ти се насмевнуваат додека прават сплетки зад грб и тајно
напаѓаат.
Ги сакам луѓето кои што не се плашат да се
извалкаат со животот.
Кои не си даваат за право да ги одредуваат
другите на вакви или онакви.
Кои што ќе те прегрнат затоа што си им
драг, макар и да немале друга причина.
А зарем е потребна?
Ги сакам луѓето што ценат добро зготвен
грав во котле, шише пиво и прераскажана анегдота. Кои што се радуваат на
моментите поминати со драги луѓе.
Не ги давам за сите душегрижници на на овај
свет.
Ги сакам луѓето кои што те сакаат без
разлика на тоа колку си им поинаков и неразбирлив .
Кои што те сакаат баш затоа.
Утре ќе се откажам од сите оние што ги
туркаат моите стапки во туѓи траги во песокот, но нема да се откажам од оние
што ме охрабруваат да бидам различен, со надеж дека ќе си го пробивам само
мојот пат.
Ги сакам луѓето кои гледаат на тебе на ист
начин и на трпезариската маса, и кога ти подаваат рака да станеш без разлика
колку длабоко си паднал.
За нив вие сте личност, за нив јас сум
Марко, а не следбеник на идеологија, религија или морал.
Ги сакам, ги сакам моите добри момци, моите
пријатели и не ги давам.
Можеби се атеисти, или агностици, можеби
дури и не знаат што се, но тие се единствени и драги. Можеби грешат, можеби
понекогаш се себични, или само кукавици, но во тоа се многу слични со мене. И
како што тие ги прифаќаат моите лудости, јас ги прифаќам нивните. Затоа што тоа
е пријателството.
Да се сака човекот, без разлика на се.
Не ги разбирам луѓето кои што се
соблазнуваат од некој човек.
Тоа значи дека се сметаат себеси за многу
подобра личност од него.
Тоа значи дека не би јаделе грав од котле и
не би испиле шише пиво со него.
Коментари