Митарот и фарисејот

Човек стоеше на певницата и, иако не го изрази со зборови таквиот став, му беше благодарен на Бога што не е како оние кои се сметаат за православни, а не доаѓаат редовно в црква, или не се причестуваат на секоја Литургија, не ги постат сите пости, имаат ситни суеверија, не ги знаат основните догмати на нивната вера. Но не и тој, тој ги пости сите пости, се причестува на секоја Литургија, има цела мала библиотека со истакнати свети отци и современи теолози.

А на влезот во црквата стоеше јавениот извршител кој певецот речиси никогаш не го видел во црквата, и иако не го кажа своето мислење, певецот беше убеден дека тешко може да го нарече верник (за разлика од него).

А јавниот извршител, оптоварен со својот грев, само стоеше и плачеше и си викаше: „Боже, прости ми!“

„Ви велам, овој си отишол дома оправдан, не тој. Зашто секој што се воздигнува себеси ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде возвишен“. (Лука 18:10-14)

Приказната можеше да оди во спротивен правец, певецот можеше да се моли на Бога за прошка, а извршителот со гордост можеше да претпостави дека тој е најголемиот верник меѓу присутните. Поентата на приказната за митарот (цариникот) и фарисејот (која штотуку ја „преведов“ во сегашните околности) не е во повикот на христијаните, ниту во нивните (не) дела. Тоа е приказна за смирението и размислувањето за својот пат кон Бога и за својот грев.

СВОЈОТ грев.

Значи, да не претпоставуваме дека ние сме на Божја страна, а некои други не се. Животот не се дели на „наши“ и „нивни“. Подобро да се предадеме на Бога и да им пристапиме на луѓето како на ближни.

„Самите себеси, едни со други и целиот наш живот на Христа Бога да го предадеме. “

 Превод:  Бруно Пресилски




Коментари